Груевски: Спорот со името како соблечена студентка која го прашува колегата дали ја препознава добрата можност

од desk2

Никола Груевски нагласи дека причината за спроведување на операцијата за промена на власта е поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ не прифатило притисоци за решавање на прашањето со името со нашиот јужен сосед. Тој истакна дека СДСМ ветиле дека по секоја цена ќе го решат тоа прашање.

Тој објаснувајќи ја ситуацијата со јужниот сосед, рече дека грчките власти на новите власти во Република Македонија, наводно им рекле дека се надеваат дека ќе ја препознаат добрата можност. Тој даде пример за тоа, исто како кога гола студентка на некој студент ќе му речела се надевам ќе ја препознаеш добрата можност, мислејќи дека студентката е Македонија.

Се започна силна кампања против мене, да ме претстават лошо. Се фрли многу прашина за да се замати чесната работа. Но кога прашината ќе спадне, ќе се видат делата, рече Груевски./Макфакс

Слични содржини