Групата од 16 граѓани на Авганистан заминаа во Канада

од Берта Китинска

На денешната прес-конференцијата Владата соопшти дека 16 граѓани од Авганистан на кои нашата држава им обезбедила престој со авион заминале во Канада.

– Групата од 16 граѓани на Авганистан, за кои во изминатиот период Северна Македонија обезбеди привремен престој, изутрината со лет преку Истанбул, замина за Канада, која им обезбеди престој на вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство” (Open Government Partnership – OGP), велат од Влада.

Слични содржини