Гутереш го повика светот да се обедини и да ја намали емисијата на штетни гасови

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска на самитот за климатски промени COP27 истакна дека планетата мора да се обедини и да ја намали емисијата на штетни гасови за идните генерации да не бидат осудени на климатска катастрофа.

„Човештвото има избор: соработка или исчезнување“, порача Гутереш на самитот во египетскиот град Шарм Ел Шеик, пренесе „Ројтерс“.

Гутереш повика на договор меѓу најбогатите и најсиромашните земји, заради забрзана транзиција од фосилни горива кон еколошки одржливи форми на енергија и обезбедување средства за помош, така што дури и најсиромашните земји да можат да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид.

Слични содржини