Гувернерот на Белгородската област: Во нападот врз Белгород загинаа 22 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на загинати во вчерашниот воздушен напад врз рускиот град Белгород, северно од границата со Украина, достигна 22 лица, објави денеска гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.

„За жал бројот на загинати се зголеми по вчерашното гранатирање на Белгород, тој достигна 22 лица“, напиша Гладков во Телеграм.

Меѓу загинатите има три деца, а повредени се 111 лица.

Според гувернерот на руската област Белгород, во воздушниот напад оштетени се 30 станбени згради, неколку куќи и автомобили.

Руското министерство за одбрана вчера соопшти дека Украина го погодила Белгород со неколку проектили од различен тип, додавајќи дека повеќето од нив биле соборени, но некои остатоци паднале врз градот.

Украинската новинска агенција РБЦ-Украина цитира извори кои велат дека украинските сили вчера нападнале воени цели во Белгород како одговор на масовното руско бомбардирање на украинските градови претходниот ден.

Слични содржини