Гвардиола: Стерлинг не може да се споредува со Роналдо и Меси

од desk2
177 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека големата sвезда на „Етихад“, Рахим Стерлинг, не може да се спореди со петкратните добитници на „Златната топка“, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

– Јас сум презадоволен од играта што ја покажува Стерлинг во Манчестер Сити и во англиската репрезентација. Се надевам дека тој не ги чита и слуша таквите работи, рече Гвардиола за споредбата помеѓу Стерлинг и двете суперsвезди.

На прашањето зошто смета дека ваквите споредби можат да имаат негативен ефект врз Стерлинг, Гвардиола одговори: „Бидејќи никој не може да се споредува со Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Никој“.