Хајди Клум ги зголемила градите? Сите хипнотизирано гледале во деколтето (ФОТО)

од Elena Daskalova

Моделот Хајди Клум го промени изгледот на своето деколте и првпат го промовираше на доделувањето на Американските музички награди.

Таа се појави со својот помлад сопруг Том Каулиц, а сите беа воодушевени од нејзиниот нов изглед, како и од изборот на облека, кој иако е помалку чуден, всушност нејзе одлично ѝ стои.

Сите присутни забележале дека Хајди многу веројатно го има „пополнето“ своето деколте, или пак, избрала модел на пуш-ап градник како што досега не носела.

Сепак, многумина веруваат дека нејзините гради се зголемувани хируршки, бидејќи никогаш не биле пополни и поизразени. Комплиментите не изостанале ниту на смета на нејзините долги и тонирани нозе.

Слични содржини