Хајди Клум, повторно изневерена

од Vladimir Zorba
85 прегледи

– Германската манекенка Хајди Клум (44) и ден денес е една од најпосакуваните жени во светот, а ништо на неа не покажува дека е во петата деценија.

Но, преубавата манекенка никако да пронајде среќа во љубовта затоа што нејзиното младо момче, 36-годишниот Вито Шнабел, неодамно е фатен на камера во клинч со убава бринета по излегувањето од еден лондонски ресторан. Двојката се бакнуваше, но познатиот заводник подоцна даде изјава, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација.

– Ова целосно е погрешно толкување на невина ситуација. Немаше ништо повеќе од едноставно поздравување со семејна пријателка, затоа што дома си заминавме одвоено, изјави за „Пипл“.

Вито е трговец со уметнички дела, а Хајди почна со него да се забавува по прекинот на врската со нејзиниот телохранител Мартин Кристен, со кој беше од 2012 до 2014 година.

Претходно таа беше со познатиот пејач Сил, со кој има три деца, но и тој брак прекина, а се шпекулираше дека тој често ја изневерувал.

Ништо подобро не било ни во текот на нејзината врска со плејбојот Флавио Бријаторе, со кого има ќерка Лени, која подоцна ја одгледа Сил, додека биолошкиот татко не беше премногу вклучен во нејзиното растење.

– Лени е мојата биолошка ќерка, но сите се согласивме дека би било најдобро Сил да ја посвои, за да порасне во семејство. Хајди, Сил и јас имаме убав однос, во една прилика изјави Флавио.