Хајредини: Груби има „бомби“ за сите во ДУИ, вклучувајќи и Ахмети

од Nikola Popovski
303 прегледи

Заев го направи Артан Груби силен. Тој му даде бомби со снимки за сите кадри на ДУИ, вклучувајќи и лидерот Али Ахмети, вака изјави поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини денеска во емисијата „Студио 10“.

Според него, Груби ги држи сите во ДУИ.

-Ако ги има снимките што тие правеле од 2008/09 година, тогаш како да не ги држи. Лесно е. Една таква „бомба“ разнесе двајца политичари откако му кажаа на говорница на Груби дека е хулиган, додаде Хајредини.

Слични содржини