Управата на италијанскиот клуб Лацио наседна на хакерска измама и остана без два милиони евра што требало да ги уплатат на холандски Феенорд за трансферoт на Стефан де Фрај.

Stealing online information
Италијанскиот клуб преку електронска пошта добил порака со банкарските податоци на Феенорд, а износот требало да се уплати како дел од обештетувањето за Де Фрај. Маилот го содржел логото на холандскиот клуб, а ги поседувал и останатите податоци за делува релевантно.
Меѓутоа Феенорд не ги добил парите, а тие се претпоставува дека завршиле кај група на хакери кои ја смениле банкарската сметка.
Овој трансфер е реализиран уште во 2014 година, а Лацио според договорот уште отплаќа рати.