Хакери ви ги земаат личните податоци без дури да се сомневате!

од desk3

Безбедносен проблем, кој може да му даде на злонамерен корисник целосен пристап до личните податоци, беше откриен кај милиони уреди кои работат со оперативниот систем “Андроид”, објави ББС. Најсериозен проблем е откриен од страна на специјалисти од компанијата “Чекпоинт” кој влијае на смартфони со процесори на “Куалком” .Американскиот производител на хардвер е еден од водечките на пазарот и со негови чипсети работат околу 900 000 000 од сите уреди со оперативниот систем на “Гугл” . Меѓу засегнатите се BlackBerry Priv, Google Nexus 5X, Nexus 6, Nexus 6P, HTC One, HTC M9, HTC 10, LG G4, LG G5, LG V10, OnePlus One, OnePlus 2, OnePlus 3, Sony Xperia Z Ultra и американските верзии на Samsung Galaxy S7 и Samsung S7 Edge (кај нас смартфонот се испорачува со процесор на корејскиот производител ).

1469510135-android

Можете да проверите дали вашиот телефон е загрозен со бесплатната апликација QuadRooter Scanner.

Во моментов нема утврден случај слабоста да е користена од страна на хакери. 6 месеци потрошиле стручњаците на откривање на софтвер кој се искористи од бубачка и навлегува во управувањето на различни процеси и си дава права за целосна контрола.

“Куалком” добиле копија од софтверот со детални документација на утврдената слабост. Како резултат на тоа, новите процесори веќе се заштитени од овој напад. За старите се испратени итни софтверски “закрпи”, но не е јасно кога (и дали) тие ќе стигнат до сите корисници – тоа е поврзано со одобрение на производителот на соодветниот smartphone, како и на телекомот, во чија мрежа работи тој.

Слични содржини