Холивудската актерка Хали Бери објави фотографија на Инстаграм на која позира оскудно облечена. Таа носеше само маица на своето момче Ван Хант, капа и долна облека.
Популарната актерка Хали Бери е една од оние жени кои многумина се прашуваат како и во шестата деценија успева да изгледа толку младолико и привлечно.
Таа ги воодушеви обожавателите и сега, откако на Инстаграм објави фотографија на која позира без панталони, во маицата на своето момче, музичарот Ван Хант.
Инаку, актерката неодамна на социјалните мрежи откри дека е во врска со Хант.
– Хали мисли дека тој е вистинскиот. Тој повторно ја израдува по низата разочарувања. Тој ја научи како да сака други и како да се сака себеси – изјави извор близок на актерката за „Us Weekly“.
Нејзиниот нов партнер Ван Хант е музичар и текстописец. Во својата кариера има издадено пет студиски албуми, а музичките жанрови во кои се наоѓа се r’n’b и соул.
Хали претходно немаше многу среќа во љубовта затоа што зад себе има три неуспешни брака.