Хамас ги обвинува САД и меѓународната заедница за продолжување на борбите во Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Владината медиумска канцеларија под контрола на Хамас ги обвини Соединетите Американски Држави и меѓународната заедница за продолжување на борбите во Газа, откако денеска беше прекинат еднонеделниот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Министерството објави дека Америка и меѓународната заедница „носат одговорност за злосторствата на „израелската окупација и продолжувањето на бруталната војна против цивилите, децата и жените во Појасот Газа“, објави Си-Ен-Ен.

Во соопштението се додава дека Палестинците имаат право да се бранат „со сите средства“ и да основаат палестинска држава со Ерусалим како главен град.

Претходно денеска израелската армија објави дека ги обновила борбените операции против Хамас во Појасот Газа и дека нејзините авиони изведуваат серија воздушни напади врз цели на милитантната група.

Израелската армија тврди дека Хамас ги прекршил условите на привременото примирје и дека истрелал ракета кон израелска територија непосредно пред истекот на примирјето утринава во 06:00 часот по локално време.

Слични содржини