Хамас: Не исклучуваме дека израелската армија го донела оружјето во болницата

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, рече дека видеото на израелската војска на кое наводно се гледа оружјето пронајдено во болницата Ал-Шифа во Газа е „смешно и безвредно“ и додаде дека Хамас не исклучува дека израелската армија „го донела оружјето и го ставила во Ал- Шифа“.

Синоќа, Наим рече дека целта на Израел е да ги „притисне“ болниците и медицинските центри и да го раселува населението во Газа и потсети дека 25 болници на територијата сега не се во функција поради „бомбардирање, опсада и уништување“, пренесе Би-Би-Си.

Хамас претходно ги негираше тврдењата дека оперира од болницата.

Слични содржини