191
Шесткратниот првак во Формула 1, Луис Хамилтон, ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка во Абу Даби, и ќе се обиде со победа да ја заврши сезоната во која на доминантен начин дојде до нова титула.
Хамилтон немаше освоено пол-позиција уште од трката во Германија, тоа го мотивираше него и неговиот тим Мерцедес, па беа најдобри на квалификациите и во Абу Даби.
За Хамилтон се најдоа Макс Верстапен и двајцата пилоти на Ферари, Шарл Леклер односно Себастијан Фетел. Второ најбрзо време имаше Валтери Ботас, но Финецот го смени моторот и ќе тргне од последната позиција.