Хамилтон со убедлива победа во квалификациите во Монца

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Светскиот шампион Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на денешното натпреварување на Гран При на Италија, откако беше најбрз на вчерашната  квалификации на патеката во Монца.

 

хамилтонБританскиот пилот забележа резултат 1 минута 21.135 секунди, што беше со речиси половина секунда подобро од тоа на клубскиот во Мерцедес и главен конкурент за титулата Нико Розберг. Германецот ќе започне од втората позиција денеска  додека од втора серија ќе тргнат пилотите на Ферари Себастијан Фетел и Кими Раиконен. Валтер Ботас, Даниел Рикардо, Макс Верстапен, Серхио Перез, Нико Хулкенберг и Естебан Гутиерес ја  дополнуваат првата десетка. За Хамилтон ова е 56-ти полпозиција во неговата кариера.