Хан: На Самитот во Трст да “падне” договор за заеднички пазар на Западен Балкан

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Европската унија се надева дека лидерите од државите од Западен Балкан на Самитот во Италија на 12 јули ќе постигнат договор за формирање заеднички регионален пазар, што може да „зажиовее“ во рок од една година, изјави денеска евокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Хан објасни дека заедничкиот пазар на земјите од Западен Балкан може да придонесе за надминување на трговските бариери, да воспостави стандардизирани правила за работа и да ги отстрани пречки за работење ширум регионот, како што е предвидено со постоечкиот регионален договор за слободна трговија ЦЕФТА.

– Се надеваме дека тоа ќе биде одобрено на самитот во Трст. Со политичка волја тоа може да го направиле за една година. Европската комисија ќе го помогне ваквиот процес. Тоа е обид да се создаде позитивна атмосфера на Балканот и да се создадат нови бизнис моожности. Тоа треба да биде остварливо, нагласи истакна еврокомесарот Хан.