Нестабилното време донесе дождови на цел Балкан, а најмногу проблеми има Грција, каде многу плажи и улици се под вода, а надојдената вода носење автомобили.

Социјалните мрежи се преплавени со снимки и фотографии од катастрофата која ја погоди оваа земја во екот на туристичката сезона.
На Халкидики најмногу проблеми има Ситонија,каде с епоплавени куќи и други објекти, соопшти противпожарната служба.
https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2258501551039600/
Во Никити на Ситонија поплавени се патишта што направи проблеми во сообраќајот,а водата однесе и едно возило, јави грчата агенција АНА.
Реката Агиос Николаосу се изли од коритото, Поради поплавата во Ситонија евакуирани сегости од хотелот „Аша Марис“ кај местото Пиргадикиа. Гостите се евакуирани во хотелот „Александрос“ и сите се добро.
Автомобилите претрпеа материјална штета. Во делот на Ситонија кај Неос Мармарис нема последици и освен вчерашниот силен дожд се друго функционира.
https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2258504351039320/
Местото Ормос Панагиас поради силниот дожд претрпе големи материјални штети и неколку продавници се поплавени.
https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2258261764396912/
Гостите од еден хотел синоќа се евакуирани, а најдено им е друго сместување и сите се добро.
https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2258509117705510/
Лошото време ја погоди и Каналија во Тесалија, каде се поплавени 30 куќи, пренесе „Катимерини“, а повеќе локални патишта се под вода.
https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2258461221043633/
Во Кераси евакуирани се седум куќи. Поплавите ја погодија и Лариса, а заменик-градноначалникот Васисли Лециос за грчката агенција вели дека крајбрежните патишта се значително оштетени.
https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2258378177718604/