Хаос во Монца: Страшен судир помеѓу Хамилтон и Верстапен (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Трката во Формула 1 во Монца беше сцена на голема драма, кога по судирот двајцата главни кандидати за титулата отпаднаа од трката.

Макс Верстапен и Луис Хамилтон беа во епицентарот на инцидентот што ги чинеше двајцата да ја продолжат трката.

Ферстапен отиде во бокс, но механичарите згрешија, па Холанѓанецот остана предолго, што му овозможи на Хамилтон да го заземе првото место.

Сепак, следеше грешка и механичарите на Мерцедес и Хамилтон излегуваат на патеката зад Ленд Норис, но веднаш до Макс Ферстапен.

Двајцата возачи влегоа агресивно во дуел, а епилогот беше излетување надвор од патеката на двата болида.

Верстапен беше бесен поради ова и само кратко го коментираше инцидентот.

„Тоа се случува кога не оставате доволно простор“.

 

Слични содржини