Хаос во Москва: Русите го чекаа iPhone X како на времето леб

од desk2
59 прегледи

Лудилото околу купување најнов модел од iPhone X стигна и во Москва каде граѓаните чекаа со денови пред продавницата за да стигнат до свој примерок.

https://www.instagram.com/p/BbBT_8gn3wJ/?taken-by=irepair_bestrepair

Чекањето во ред се продаваше дури и поскапо од самиот телефон, а како што пренесуваат медиумите, едно време и сообраќајот бил во прекин.

Кога продавницата на овластениот дистрибутер се отворила, во улицата во која редовно има сообраќаен метеж дошло до прекин на сообраќајот поради масата луѓе кои чекале да влезат во продавницата и да купат примерок од новиот телефон.

Луѓето почнаа да кампуваат пред продавницата ReStore уште пред неколку дена, а беа и добро подготвени со столици, ќебиња и топол чај.

https://www.instagram.com/p/BbBMxj2F4aX/?taken-by=aleksandre3000

Пред оние кои дојдоа во четврток наутро веќе имаше 200 луѓе, а со нив станаа 500.

Московските власти дури обезбедија и автобуси во кои луѓето можеа да се стоплат затоа што температурите се под нула степени Целзиусови.

https://www.instagram.com/p/BbA3X4Xh1g6/?taken-by=karen_kazanchian

 

Еден корисник на Твитер ги објави и цените за чекање во ред кои далеку ја надминуваа цената на самиот апарат. Колку понапред во редот се чекаше толку цената беше повисока.

https://www.instagram.com/p/BbBU-Tfjm7N/?taken-by=v.i.bogomolov

На социјалните мрежи оваа појава беше предмет за потсмев, па некои дури ја споредија со ситуацијата за време на СССР кога се чекаше во редови за леб.

https://www.instagram.com/p/Ba_ioxPhD1x/?taken-by=boykoserg1990