Харадинај: Србија е агресивна и деструктивна

од Vlatko K
111 прегледи

Косовскиот парламент донесе закони, кои овозможуваат претворање на Косовските сили за безбедност во регуларна армија. По тој повод германската новинска агенција ДПА го интервјуираше косовскиот премиер Харадинај пренесува DW.

    
 

ДПА: Зошто за Вас е важно во овој момент да се положи камен темелник за формирање на косовска армија?

Рамуш Харадинај: Косовска армија веќе постои во формата КСБ. Она што сега го правиме е му даваме  мандат на КСБ да го брани Косово како армија.

Министрите за надворешни работи во НАТО неодамна предупредија оти сега не е вистински момент од една единица за заштита од катастрофи КСБ да се прави армија.

Не го избравме ние моментот. Процесот на трансформација на КСБ започна пред 10 години, инаку со активна асистенција и помош од нашите НАТО-партнери, меѓу кои е и Германија. Сега стигнавме до точката каде што тоа е неопходен логичен чекор.

Како би требало да одвива формирањето на армијата?

Предвидено е да трае 10 години. Дури кога ќе брои 5.000 луѓе, во моментов се 3.000. И ќе остане со лесно вооружување.

Не претставува ли тоа сепак одредена закана за српското население на Косово?

Не, воопшто не. Србите се приклучија во КСБ. Само Белград не е среќен поради тоа.

Колку Срби?

Околу 8 насто. Кога неодамна им делев потврди на регрутите во Урошевац, во публиката седеа и аплаудираа српски семејства кога беа прочитани имињата на нивните синови и ќерки. Додуша, некои Срби го напуштија КСБ, бидејќи српските власти отворено се закануваа или ги заплашуваа нивните семејства.

 Kosovo Jahrestag der Unabhängigkeit - Parade in Pristina (Reuters/M. Djurica)

За негодување на вашите западни партнери се погрижи и фактот дека пред три недели воведовте царини од 100 отсто на стоката од Србија. Зошто беше тоа неопходно?

Србија секогаш практично го правеше невозможен увозот на нашата стока. Бараа потврди за потекло кои секако не ги признаваа, бидејќи не го признаваат Косово како држава. Камионите со косовски таблички не ги пуштаа во земјата. Зборуваа за ветеринарни прописи. Кога сакавме да извезуваме, ништо не функционираше.

Царините од 100 отсто се исто што и трговска блокада?

Србија води крајно агресивна и деструктивна кампања против мојата земја. Каде и да може, го спречува членството на Косово во меѓународните организации, во спортските сојузи, во УНЕСКО, еве сега и во Интерпол. Од тоа конечно мораме да се одбраниме и поради тоа се воведени царините.

Дијалогот за нормализирање на односите со Србија кој трае од 2011 година со умерен успех, повторно се врати на мртва точка. Не допринесоа ли за тоа и вашите последни акции?

Дијалогот навистина излезе од колосек, но не поради нашите дефанзивни мерки, туку затоа што од неодамна се зборува за територии и за граници.

Вучиќ ја дига армијата на Србија

Мислите на идејата за размена на територии за да можат компактни подрачја населени со малцинства – Срби на северот на Косово, Албанци во јужносрпската Прешевска долина – да се приклучат секој на својата „матица“. Што би било лошо во тоа?

Веќе и самата реторика е опасна за целиот регион. Никој на Балканот не е во целост задоволен од постоечките граници. Ако прашањата за границите еднаш се отворат, тогаш ќе биде многу тешко повторно да се затворат. Би морало да се смета на немерливи трагедии, како што тоа го покажаа војните во 90-тите години.

 Извор Дојче веле

Слични содржини