Харадинај: Вооружувањето на Србија е директна закана за мирот во регионот

од Aleksandar Petrovski

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај смета дека постојаното вооружување на Србија со воена опрема од Русија и Кина претставува директна закана за Косово, но и за, како што вели, „кревкиот мир во регионот“.

– Постојаното вооружување на Србија со воена опрема од Русија и Кина (панцири, противвоздушни ракетни системи, дронови, итн.) претставува директна закана за Косово, за кревкиот мир во регионот и евроатлантските перспективи. Србија треба да престане со тоа лудило пред да биде предоцна, напиша Харадинај.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека „Србија драстично ги засилува воените капацитети иако е мала земја“.

„Недоволно сме силни, но посилни сме отколку што бевме“, изјави Вучиќ додавајќи дека Србија нарачала еден „Панцир“.

„Тој е фантастичен, ги гаѓа сите летечки објекти, посебно дронови и ракети, на далечина од 80 километри се гледа, тешко е да го попречува радарт, имаат разновиден пристап“, додаде Вучиќ.

Слични содржини