Хашим Тачи во понеделник заминува во Хаг

од Nikola Popovski
114 прегледи

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, најавил дека ќе отпатува во Хаг во понеделник на покана на Специјалното обвинителство.

Тачи на својот профил на Фејсбук објавил дека ќе разговара со судските обвинители во Хаг, непосредно откако Специјалното обвинителство објави дека против него поднело обвинение за воени злосторства.

https://www.facebook.com/HashimThaciOfficial/posts/4002272119843117

Тој ги повика граѓаните „да му се придружат на него и неговите другари во соочувањето со предизвиците со кои се соочува државата“, тврдејќи дека тој и другите поканети во Хаг „се соочуваат со достоинство и интегритет со меѓународната правда“.

„Граѓанското единство, меѓуетничкиот соживот, институционална стабилност и довербата во институциите се неопходни за Косово да ја реализира својата визија за членство во НАТО, Европската унија и одржување на вечното пријателство со САД“, напишал Тачи, а пренесуваат српските медиуми.