„Health Data“: Македонија е шеста во светот по бројот на реални смртни случаи од коронавирус

од Nikola Popovski
223 прегледи

Во извештајот на американски институт за процена на здравјето „Health Data“, С. Македонија е на шесто место според бројот на реални смртни случаи од Ковид-19 во однос на населението. Според податоците за процена на здравјето, според кои, во нашата земја има 482 смртни случаи на 100 илјади жители.

„Податоците ги објави „Health Data“, американски институт за процена на здравјето. Според извештајот, Албанија има вкупно 529 смртни случаи на 100 илјади жители, за периодот март 2020 година до мај 2021 година и е рангирана на четвртото место меѓу 20-те земји со најголема реална смртност од Ковид-19“, пренесува агенцијата Балкан веб.

На црната листа пред Македонија се само Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Мексико, а после нас следуваат Белорусија, Романија, Казахстан и Перу.

„Според извештајот, Албанија има околу шестпати повеќе смртни случаи од официјално соопштените, рангирајќи се повторно меѓу земјите што имаат најниска стапка на официјални декларации во однос на вкупната бројка смртни случаи, по Белорусија и Азербејџан. Во Северна Македонија, односот е два, додека во Црна Гора е 1,4,“, наведува агенцијата.

Слични содржини