267
Против актерката Хедер Локлир се покренати неколку обвиненија за напад над полицајци кои го посетиле нејзиниот дом во јужна Калифорнија, по сигнал за семејно насилство, објави Асошиејтед прес.
56-годишната ѕвезда на „Мелроуз Плејс“ е обвинета за четири напади врз полицијата и за давање отпор при спроведување на законот.
Локлир шутирала, удирала и викала по полициските службеници кои биле повикани по извештај за семејно насилство врз пријател на актерката на 26-ти февруари.
Не е поднесена пријава за семејно насилство.
Претставниците на Хедер Локлир не го коментирале случајот. Таа мора да се појави пред судот во градот Вентура денес.