Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот во атар на село Руѓенце

од Radmila Tasevska

Хеликоптерот Бел-212 на МВР денеска врз пожарот во атар на село Руѓенце, општина Старо Нагоричане исфрли над 20 тони вода.

Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атар на село Руѓенце, општина Старо Нагоричане, информираа од МВР, денеска го упати хеликоптерот Бел-212 и дејствуваше координирано со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, при што се локализирани неколку краци од пожарот кои се наближуваа до куќите.

Слични содржини