344
Хеликоптерите на МВР, Ми-171 и Бел 412 денеска го изгаснаа пожарот во реонот на Лозово и селото Каратманово, во кој гореше висока борова шума.
По известувањето од страна на Центарот за управување со кризи, хеликоптерите од Одделот за воздухопловни единици го локализирале пожарот, кој бил затекнат во рана фаза.
„Хеликоптерите Ми-171 и Бел 412 заедно направија околу дваесетина прелети, во кои беа исфрлени повеќе од 35 тони вода. Акцијата траеше неполни три часа до потполно гасење на пожарот, со што беше спречен пожар од поголеми размери“, соопштија од МВР.