190
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска (11.10.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на местото Црвена вода во општина Студеничани, го упатил хеликоптерот Бел-412.
Се додава дека пожарот е локализиран во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица.
Хеликоптерот Бел-412 врз пожарот исфрлил над шест тони вода.