Новата песна на Адел “Hello” достигна рекордно брзо 1 милијарда прегледи на YouTube.4604978

Баладата го достигна овој број само 88 дена по пуштањето во мрежата. Таа го собори рекордот дури и на јужнокореецот Псај и неговата “Gangnam Style” која ја доби1 милијарда прегледи за 160 дена во каналот за видео споделувања.

Но, “Hello” треба да го стигне јужнокорејскиот хит, кој веќе е прегледан цели 2,5 милијарди пати.

Со малку над милијарда го гледавме и другиот конкурент на Адел – Тејлор Свифт и нејзината песна “Blank Space”. Видеото кон хитот на Адел беше пуштено околу еден месец пред излегувањето на целосниот албум “25”.

Тој стана најбрзо продаваниот албум во САД и Велика Британија, како и во двете земји скрши рекорди во продажба за целата 2015 година, иако излезе дури во ноември.

Само 18 спота достигнале една милијарда прегледи на YouTube. Сите тие се професионални видеа на музичари, со исклучок на две видеа – руската анимација “Маша и мечокот” и детското “Little Baby Bum”.

Слични содржини