„Here I stand“ е песната со која Македонија ќе оди на Евровизија во Ротердам

од Берта Китинска

„Here I stand“ е насловот на евровизиската песна со која што македонскиот претставник Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во мај во Ротердам.

Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата ќе се погрижат Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

-Во целиот хаос и бура од разочарувања минатата година, Here I stand „се напиша” во еден здив, без притоа да помислам за каде и за кого ја пишувам песната. Веројатно тие се оние ретки моменти кога ќе се споите сами со себе и ќе оставите вашата емоција да ве понесе без да ја „осудите”, туку ја оставате да истече од вас во најискрената форма. Особено сум горд што ја имам можноста со автобиографска песна да ја претставам Македонија на Евросонг. Велат дека секој човек си носи барем една песна во себе, Here I stand е мојата песна што едвај чекам да ја запеам на сцена. Им благодарам на сите кои ме поддржуваат и веруваат во мене, истакна Гарванлиев.

Слични содржини