Херој во униформа: Полицајка го надои бебето на осомничената

од desk2
105 прегледи

Хао Лина, полицајка од Кина, ги растопи срцата на милиони луѓе откако го надои четиримесечното бебе на осомничена.

Оваа сцена се случи во Народниот суд, на вториот по големина затвор во Кина, во покраината Шанси.

Хао Лина, која и самата е мајка, вели дека бебето и било оставено нејзе и на колегите на чување пред осомничената да се упати на судење/

„Бебето не престануваше да плаче, сите се загриживме. Неодамна станав мајка, можам да претпоставам како се чувствуваше оваа жена. Се што мислев во тој момент беше да дадам сѐ од себе и да го заштитам малото бебе.“

Откако добила дозвола од мајката на детето, Хао нашла мирно ќоше и го надоила бебето.

Сцената со доење е поставена на официјалната интернет страница на затворот, како и на социјалните мрежи, по што е објавена во речиси сите кинески медиуми.