Жена која исчезнала откако била тешко повредена во сообраќајна несреќа била пронајдена два дена подоцна од полициско куче во густо поле со пченка во југоисточен Мичиген, соопштија властите.
Оваа 45-годишна жена, чие име не е објавено, доживеала несреќа во неделата во градот Дирфилд во округот Ливингстон, 70 километри северозападно од Детроит, пренесе АП.
„Знаевме дека не ѝ преостанува уште многу време“, рекол полицаецот Џеф Шрибер, кој ја пронашол жената со своето специјално тренирано куче Вудсон.