Хезболах нападнал шест израелски пунктови

од Stefanija Kuzmanovska

Израелски авиони денеска нападнале цели во јужниот дел на Либан, како одговор на ракетирањето на северен Израел од страна на Хезболах. Проиранската шиитска организација нападнала неколку израелски воени пункт.

Израелската армија соопшти дека цел на нападите била инфраструктурата и складиштата со ракети на Хезболах.

Хезболах соопшти дека извршил напади врз шест израелски пунктови долж границата.

Либанскиот вршител на должноста премиер Наџиб Микати на средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, ја истакна важноста од прекин на огнот во Појасот Газа и на запирање на израелската агресија во јужен Либан.

Влијанието на премиерот Микати врз Хезболах, моќна и политички значајна сила во Либан, е ограничено, што му отежнува да ја спречи земјата да биде вовлечена во конфликтот.

Слични содржини