Хезболах: Убиството на претставници на Хамас во Бејрут нема да помине неказнето

од Vladimir Zorba

Либанската милитантна група Хезболах денеска соопшти дека убиството на високи функционери на Хамас во Бејрут претставува „сериозен напад врз Либан“ и „опасен развој“ во војната со Израел.

„Ова злосторство нема да остане неодговорено и неказнето. Верни сме на нашите принципи и обврски кои си ги дадовме. Ова е ден што ќе го паметиме“, порача Хезболах на Телеграм.

Тие додаваат дека убиството на Салех ал-Арури, еден од највисоките функционери на Хамас, и неговите колеги „во срцето на предградијата на Бејрут е сериозен напад врз Либан, неговиот народ и суверенитет“.

Слични содржини