Хиршер славеше на слаломот на Сљеме

од desk2
77 прегледи

Австриецот Марсел Хиршер е победник на денешниот јубилеен, 10. слалом за Светскиот куп на хрватско Сљеме.

Хиршер по петти пат славеше на Сљеме, каде беше најбрз и во 2012, 2013, 2015 и 2018 година.

Тој до 64. победа во Светскиот куп стигна по одличното второ возење, со време од 1:48,64.

Второто место го зазеде Французинот, Алексис Пентиро кој зад победникот заостана 0,60 секунди.

Трет беше Австриецот Мануел Фелер (1:49,26).

Во генералниот пласман на Светскиот куп, Хиршер е прв со 756 бодови, Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е втор со 421, додека Австриевот Макс Франц е трет со 408 бодови.