Хируршките маски не помагаат: Еве какви всушност треба да користите за да се заштитите од загадувањето

од Elena Daskalova
453 прегледи

Во време кога се соочуваме со големо загадување, сите мерки на претпазливост се повеќе од потребни, меѓу кои и маските за лице, со кои ги заштитуваме дишните патишта.

Сепак, доста често трговците успеваат и на овој начин да си го унапредат бизнисот, продавајќи неквалитетни и нестандардизирани маски за заштита од загадување.

Прво и основно, маската што ја носат лекарите и хирурзите не заштитува од воздушно загадување, туку служи само за да се спречи разменување на зарази по аерокапков пат меѓу пациентот и хирургот.

Исто така, маркетиншки трик се и популарните маски со активен јаглен, кои исто така не спречуваат штетните честички да навлезат во дишните патишта.

Многу продавачи нудат маски со филтер за коишто се тврди дека ги филтрираат ПМ10 и ПМ2.5 честичките, но и испарувањата од гориво и од горење на јаглен и дрво.

Интересно откритие: Овој витамин може да го ублажи штетното дејство на загадувањето

Сепак, за да избегнете да бидете измамени и да потрошите многу пари на нешто што би ви било практично бескорисно, потребно е да ги следите следниве упатства и ознаки на производот:

На пазарот се достапни маски со ознаки FFP1 (хируршките, целосно бескорисни при загадување), FFP2 (еквивалентни на N95) кои филтрираат 95% од честичките и FFP3 (еквивалентни на N99) кои филтрираат над 99% од честичките.

Обично, N99 се доста поскапи од N95. Сепак, N99-маските филтрираат и гасови што се биолошка опасност за луѓето, но такви нема во Скопје и општо во Македонија.

Истите маски може да се најдат во аптеките (запомнете ги ознаките и не дозволувајте да бидете измамени), но може да се порачаат и преку онлајн-продавници. Важно е да се има предвид дека обичните маски, па дури и оние со активен јаглен, штитат од многу гасови, но не и од отровните ПМ10 и ПМ2.5 честички.

Овие пет нешта за ПМ10 честичките треба сите да ги знаеме

Слични содржини