Интересно откритие: Овој витамин може да го ублажи штетното дејство на загадувањето

од Elena Daskalova

Повеќе градови на Балканот се соочуваат со алармантно високи концентрации на ПМ10 и ПМ2.5 честички во воздухот и енормно загадување, кое е навистина штетно за човековото здравје.

Штетните влијанија на загадениот воздух се големи и предизвикуваат низа респираторни заболувања, загадување на крвта, таложење на ПМ2.5 честички во белодробните алвеоли и уште многу други. Затоа е и сосема очекувано прашањето дали постои некој витамин, суплемент или храна која може да го намали ова штетно дејство?

Повеќе клинички истражувања од последните неколку години покажале дека витамините од групата Б делумно ги ублажуваат негативните ефекти од загадениот воздух, особено суплементите кои содржат фолна киселина и витамини Б6 и Б12.

Благодарение на ова сознание, истражувањето продолжува во таа насока, за да може да се донесе заклучок колкава количина е потребна и колку често треба да се внесува витамин Б како додаток во исхрана.

Но, важно е да се напомене дека внесот на витамини и минерали не е решение за овој глобален проблем, кој е секојдневна закана за човештвото. Резултатите од истражувањето може само малку да помогнат во индивидуалната борба против штетните ефекти на загадувањето.

Слични содржини