Музеј во кој ќе бидат собрани сирена со мувла и со живи ларви, парчиња од изгниена ајкула и исечкана кисела харинга ќе биде отворен во шведскиот град Малме на 31 октомври, пишува The Independent.

Музејот, чие постоење ќе трае само три месеци – до крајот на јануари 2019 година, ќе ги претстави гнасните производи, вклучувајќи пениси од бикови и дуриански плод кој има толку силна миризба што е забрането да се носи со јавниот транспорт.
“Ќе треба да ги преиспитате своите идеи за грозно, или да преминете кон помалку опасни извори на протеини”, изјави организаторот на изложбата Самуел Вест.