Хоџа до Груби: Беса ќе гласа за Законот за ЈО, ДУИ и ВМРО се молат да не успее гласањето

од Aleksandar Todeski

Генералниот секретар на движењето Беса, Аријанит Хоџа преку Фејсбук се одзва на прозивките на пратеникот од ДУИ, Артан Груби, да се гласа за Законот за Јавно обвинителство.

„Артан Груби повика Движењето БЕСА да гласа за нацрт-законот за Јавното обвинителство, додека според информациите што ги поседуваме ние  некои пратеници на ДУИ се молат да не успее гласањето, бидејќи тие ги знаат последиците. Исто така,целата јавност знае дека ДУИ како и ВМРО не сакаат овој закон да се донесе, но меѓународните пријатели од САД и ЕУ јасно го кажаа својот став дека овој закон е усогласен и одобрен од нивните експерти, така што Артан Груби и ДУИ се обидуваат да го покриват сонцето со сита со своите повици што личат на таа изрека: „Барам работа, но му се молам на Бога да не најдам работа“. Движењето БЕСА ќе гласа за нацрт-законот бидејќи истиот закон по 12 април ќе овозможи сите тие што извршил криминал и корупција да завршат во затвор“, напиша Хоџа.

Слични содржини