Ходорковски: Најчудното нешто досега – руски свештеници ја благословуваат „Сатана“ (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Некогаш најбогатиот човек во Русија и најмоќниот олигарх кој му се спротивстави на Владимир Путин, Михаил Ходорковски на Твитер објави фотографија од свештениците на Руската православна црква кои благословуваат интерконтинентална балистичка ракета популарно наречена Сатана.

„Мислам дека никогаш нема да видите нешто почудно. „Водачите на Руската православна црква ја благословуваат ракетата наречена „Сатана“, напиша поранешниот руски олигарх.

Потсетуваме, Михаил Ходорковски неодамна во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека рускиот лидер Владимир Путин го разбира само јазикот на силата. Тој го загуби најголемиот дел од своето богатство поради противењето на Путин, но помина и една деценија зад решетки.

Тој го опишува рускиот лидер како многу опасна личност поврзана со криминал.

Слични содржини