Холандија: Гнев поради полицискиот час – запален центар за тестирање на коронавирус (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

За време на протестите на првата вечер од воведувањето на полицискиот час, демонстрантите запалиле објект за тестирање коронавирус во холандското рибарско село Урк и фрлале петарди.

Полицијата денес објави дека повеќе од 3.600 лица биле казнети првиот ден за кршење на полицискиот час, кој трае од 21:00 до 4:30 часот наутро, а 25 лица се уапсени за насилство за време на забраната за движење, објави АП.

Видеото покажува како млади луѓе влегуваат во лабораторија за тестирање на коронавирус во селото Урк, 80 километри северо-источно од Амстердам, пред да биде запалена истата вечер.

Полицијата и општината издадоа соопштение во кое изразуваат гнев поради немирите, односно „фрлање петарди, камења до уништување полициски автомобили и фрлање факели кон лабораторијата“.

„Ова е апсолутно неприфатливо, ова е шлаканица за локалните здравствени власти кои прават се што можат во лабораторијата во Урк“, рекоа локалните власти додавајќи дека полицискиот час ќе трае до крајот на неделава.

Слични содржини