Холанѓаните му подготвуваат пеколен пречек на Безос: Ќе фрлаат јајца на неговата мегајахта

од Vladimir Zorba

Властите во Ротердам потврдија дека ќе го демонтираат стариот мост кој е симбол на градот, за да може суперјахтата која се прави за основачот на „Амазон“, Џеф Безос да стигне до морето.

Оваа вест не наиде на одобрување кај граѓаните, па некои од нив најавија дека не се возбудени поради неговото доаѓање и дека наместо одличен пречек, Безос ќе го гаѓаат со јајца.

Граѓаните на Ротердам направија група на Фејсбук во која во знак на протест планираат настан наречен „Фрлање јајца на суперјахтата на Безос“.

-Ги повикувам сите граѓани да понесат со себе кутија расипани јајца за да можеме сите масовно да ги фрлиме на јахтата на Безос кога ќе вплови во Хеф во Ротердам – ​​се наведува во описот на настанот.

Тие додадоа дека Ротердам е изграден од урнатини од жителите на Ротердам и дека не сакаат да го уништат само поради желбите на еден милијардер – велат тие.

– Нема да го дозволиме тоа без борба – порачаа тие, пренесе Yahoo news.

Повеќе од 1.200 луѓена Фејсбук посочија дека ќе присуствуваат на овој настан, кој е закажан за 1 јуни годинава.

Луксузната јахта, која ќе руши рекорди, ја гради холандската компанија Oceanco, а јахтата ќе биде долга 127 метри и очигледно превисока за да може да помине под мостот Конингсхавен.

Слични содржини