Холанѓани со мотор излетале од „Партизанска“, патничка со тешки повреди

од Vladimir Zorba

Холанѓани со мотор излетале од патот, при што тешко е повредена сопатничката.

Според информациите, несреќата се случила вчера на кружна крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Маркс Енгелс“ во Скопје.

Како што се наведува, Ј.Ц.В.Р.(72) од Холандија, управувајќи мотоцикл „хонда“ со холандски национални ознаки излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ц.В.Р.(72) од Холандија, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Слични содржини