206
Жената (45) од Грција, која на 8 јануари сопругот ја полеал со бензин и ја запалил пред очите на нејзините деца, денеска им подлегнала на повредите.
Според информациите, на грозоморниот напад му претходела расправија меѓу брачната двојка, по што сопругот почнал да ја полева несреќната жена со бензин.
Во моментот на трагедијата во куќата биле и нивните малолетни деца.
Жената била пренесена во болница со тешки повреди, имала изгореници на 90 отсто од телото. И покрај натчовечките напори на лекарите, таа починала денеска.
Медиумите јавуваат дека во нападот е повреден и братот на починатата жена, кој ќе мора да биде опериран.
Соседите тврдат дека сопругот и претходно бил насилен кон жртвата.
Тој е приведен и се наоѓа во притвор.