Хорор во Грција: Пронајдено мумифицирано тело на маж, војската пристигна на местото на настанот

од Radmila Tasevska

Мумифицирано тело денеска е пронајдено во Патра, Грција, а тамошната полиција соопшти дека ги истражува сите можности.

Според грчките медиуми, наводно му припаѓа на 67-годишен маж и неговата смрт се припишува на „патолошки причини“.

На локалното стрелиште бил забележан од граѓанин кој ги известил надлежните.

Грчките полициски и воени власти се на терен, јавува ЕРТ.

На местото на настанот е повикано и вештачење од судска медицина, кое ќе утврди дали смртта е предизвикана од кривично дело или од некоја друга причина.

Слични содржини