ХОРОР ВО СРБИЈА: Маж држел девојка заробена 4 дена и ѝ нанел тешки телесни повреди

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

Н.Г.(41) од Обреновац, како што вчера дозна „Телеграф“, четири дена во заробеништво ја држел девојката (36) од Земун и за тоа време ѝ нанел тешки повреди. Според последните информации, тој против нејзина волја ја држел во својот стан од 26 до 30 август.

Тој се товари за противправно лишување од слобода и предизвикување тешка телесна повреда.

Како што се наведува, таа дошла кај него и тогаш почнал хоророт.

„Ја тепал и ја малтретирал на секој можен начин. Со вештачење треба да се утврди како ѝ ги нанел повредите опасни по живот. Да не ја натераше мајка ѝ да оди на лекар, кој знае, можеби девојката ќе умреше. Имаше крварење насекаде , ѝ беше извршена итна операција која траеше долго. Нејзината слезина е отстранета и прашање е во каква состојба ќе биде генерално. Се што ѝ направил било многу сурово“, навел извор за „Телеграф“.

Таа се уште е во болница.

Случајот бил пријавен на први септември. Н.Г ѝ е познат на полицијата, односно има досие.

Истрагата ја води Основното јавно обвинителство во Обреновац.

Слични содржини