Хороскоп за 20. 12. 2018

од desk2
283 прегледи

Овен

Со убедливост настапувате во некој разговор, договор, состанок и можете да оставите силен впечаток на личноста со која сте во контакт. Ова ви е важно, бидејќи сметате дека работата или проектот за кој преговарате би можел да ја промени професионалната иднина. Убав ден за секој вид емотивен контакт.

Бик

Ентузијастични сте и работите напорно, само не смеете да бидете престроги кон себе. Ќе ја пронајдете среќата ако се дружите со членови од семејството, особено оние најмладите. Признајте му на партнерот што чувствувате вистински. Време е за отворен пристап и искрени емоции.

Близнаци

Сте имале деловна дилема и сега можете да здивнете. Се се завршило токму како што треба и тоа веројатно со посредство на некоја ваша идеја или предлог. Бидејќи деловниот сегмент поминал одлично, би требало да се активирате и во емотивниот. Денес е одлично време за средба и конакт со саканата личност.

Рак

Адреналинот ќе престане да струи низ вашето тело, а вие повторно ќе се сместите во вашата сигурна зона. Сепак, не градете превисоки ѕидови помеѓу вас и останатиот свет. Прекрасна личност нема да може да ги искачи, па веројатно ќе се откаже од вас. Крајот на денот ќе ви донесе пријатен разговор со нова личност. Веројатно тоа ќе биде почеток на едно прекрасно пријателство.

Лав

Денес секој ваш потег е вистински, целосно сте во склад и со самите себе и со луѓето со коишто сте во контакт, па ова време искористете го да се презентирате себеси и своите потенцијали. Во односите со спротивниот пол освојувате со насмевка и доброто расположение, а на вашиот шарм е невозможно да се одолее.

Девица

Вашите размислувања се вистински, вашата интуиција работи совршено и денес е потребно малку повеќе воља и ангажираност некои деловни ситуации да ги приведете кон крајот. Вашите потези можат да бидат поткрепени и со значајни информации од луѓе за кои знаете дека можете да им верувате. Денот зачинете го со емотивна средба.

Вага

Добро ќе размислите за зборовите на пријател или колега со кого долго работите. Сметате дека има вистина во она што сте го слушнале, само вам не ви е јасно како тие информации да ги вклопите во случувањата. Се обидувате да привлечете нечие внимание, но освен повремените изрази на наклонетост, не постигнувате ништо поконкретно.

Скорпија

Некого читате како отворена книга и тоа и ќе мора да му кажете в лице. Вистина е дека извесно време ќе се воздржувате и ќе се обидувате да нафрлите по некоја саркастична забелешка, но сепак, ќе проговорите на крајот. Сега, колку во тоа има реална вистина, а колку вие од сèсте направиле теорија на заговор, тоа е веќе прашање…

Стрелец

Вашите планови се одвиваат како што треба и вие сте од поголемиот дел задоволни. Всушност, сте очекувале дека денес ќе добиете поголема сума, но се испоставило дека за работата која сте ја извршиле добивате некоја смешна сума (барем таа во вашите очи е смешна). Со емотивниот партнер ви претстои добра можност за забава во попладневните часови.

Јарец

И до вас денес може да пристигнат информациите кои ги чекате подолго време. Токму она што ви било потребно дополнително да го зачини овој, веќе добар ден. Ве очекува средба со партнерот и со една личност која ви е важна и ќе направите договор за некои заеднички планови.

Водолија

Некој ќе ви притекне во помош и вие тоа многу ќе умеете да го цените. Со деловните соработници и колегите денес имате многу добар однос и време е да покренете некои прашања кои ве мачат. Истото се советува и на емотивно поле – идеално време е да видите точно на што сте.

Риби

Посветени сте на своите обврски, но сè уште не сте успеале да решите некои недоразбирања со кои се соочувате. Совет и понатаму да чувате некои работи само за себе, особено ако тоа се информации за некои ваши планирани идни потези. Потребно е на личноста која ви значи да ѝ дадете назнака дека ви е во мислите.