Во светот на Зодијакот постојат знаци кои едноставно се неодоливи. Каде и да се појават привлекуваат внимание, а нивната способност да освојуваат срца е вистинска уметност. Но, кога станува збор за задржување на партнери, тука настанува проблемот.
Овие хороскопски заводници сакаат романтични авантури, но досадата им е најголем непријател.
Ако некогаш сте се запрашале кои се најголемите женкари на Зодијакот, ви носиме двајца непобедливи шармери!
Близнаци
Близнаците се вистински професионалци кога е во прашање флертувањето. Нивниот шарм лежи во нивната способност да зборуваат за било што и на начин што ве остава во бунило. Но, нивниот најголем проблем? Брзо се заситуваат. Ако нивната врска стане монотона или ако чувствуваат дека се премногу приврзани, Близнаците едноставно ќе се свртат кон нов предизвик – и тоа без многу каење. За нив љубовта не е само чувство – таа е игра. Близнаците ја сакаат возбудата на освојувањето и пеперутките во стомакот кои доаѓаат со нешто ново. Откако ќе помине таа фаза, тие веќе бараат нова личност која ќе им го окупира вниманието. Нивната двојна природа значи дека честопати не ни знаат што сакаат – но едно е сигурно: никогаш нема досаден момент во нивно друштво!
Стрелец
Стрелците се вечни авантуристи, а истото важи и за нивниот љубовен живот. Тие сакаат да истражуваат, да запознаваат нови луѓе и да уживаат во моментот. За нив врската не треба да биде рутина – таа треба да биде како возбудлива експедиција. Доколку чувствуваат дека врската ги кочи или дека партнерот е премногу напорен, Стрелецот ќе продолжи понатаму без многу драма. Стрелците се заљубени во слободата. Не го поднесуваат чувството дека се ограничени и сакаат да истражуваат се што нуди животот, но и љубовта. Тие се оние кои ќе ве освојат со својата искреност и оптимизам, но немојте да се изненадите ако ги видите на Инстаграм следната недела како планираат нова авантура – со некој нов.