Хороскопски знаци кои во март ќе имаат среќа кога се во прашање парите

од Stefanija Kuzmanovska
355 прегледи

Астрологијата открива кои хороскопски знаци имаат среќа кога се во прашање парите во март.

Ситно одбројуваме до март, месец кој за многумина ќе биде одличен на финансиски план. Тогаш очекуваме два важни настани во астрологијата – Сатурн се движи од Водолија кон Риби, а Плутон од Јарец во Водолија по 15 години. Ова финансиски ќе има големо влијание врз знаците, а еве кој може да се збогати следниот месец:

ОВЕН

Март е месец кога добивате финансиска поддршка од пријател или член на семејството. Многумина ќе добијат покачување или награда врз основа на добри резултати на работа, додека некои ќе се преселат на повисока платена позиција. Овој месец би можел да биде добар и за инвестиции, но само ако бидете внимателни и ги проверите сите можни ризици пред да донесете одлука.

ЈАРЕЦ

Март е одличен месец за пари. Веројатно ќе имате повеќе пари отколку што очекувате, што ќе ви овозможи да си дозволите нешто што долго време го посакувате. Би можеле да добиете понуда за нова работа која добро ќе ви се исплати. Одлично време е да го отплатите долгот и да почнете да штедите.

ВОДОЛИЈА

Сатурн го напушта вашиот знак овој месец и ви носи големи финансиски можности. Може да добиете неочекуван бонус или зголемување на платата, а ова е и добар месец за продажба на недвижен имот. Ако неодамна сте инвестирале пари, може да забележите дека вашата заработка почнала да се зголемува. Искористете го овој позитивен период за да ја подобрите финансиската состојба.

Слични содржини