Хоспитализрани 486 лица во ковид-центрите во Скопје

од Берта Китинска
345 прегледи

Од Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 32 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Од таму додаваат дека вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, пет болни се хоспитализирани на ОРЛ, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и двајца на очната клиника. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум пациенти“, посочуваат од ресорното министерство и нагласуваат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.

Од 486 ковид-пациенти кои се сместени во скопските болници, голем дел се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30-тина слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

 

Слични содржини