Хотел во Токио каде ве пречекуваат диносауруси

од desk2
116 прегледи

Еден хотел во Токио им нуди на гостите незаборавен дочек – роботи диносауруси на рецепција, но тоа не е единствената чудна работа, бидејќи овој угостителски објект има аквариум, каде, исто така, има роботи во форма на шарени светлечки риби. 

Станува збор за хотелот “Казухиро Ноги” кој се наоѓа во предградие на јапонскиот главен град.

Со роботите диносауруси на приемниот оддел комуникацијата е, сепак, многу ограничена, така што гостите резервираат соби и прават нарачки преку таблети. 

– Не сакавме хотел во кој само се спие, но сакавме да донесеме нешто ново”, вели Јукио Нагаи, директор на хотелот.

За оние кои се заинтересирани, ноќевање во овој необичен хотел чини 130 евра.